Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРЕБАЛА ДА СЕ МАЖИ НАСКОРО: Жена пожарникар загина во Бејрут

ТРЕБАЛА ДА СЕ МАЖИ НАСКОРО: Жена пожарникар загина во Бејрут

Сахар Фарес (25) една од ретките жени пожарникарки во Либан загина во обид да помогне. Се обиделе да го изгасат огнот, но немале шанси, по што следувала страотна експлозија.

Фарес е погребана денес, а заради нејзината смрт погоди многумина. Таа била верена и требало следната година да се мажи. 

Се верува дека тие не ни знаеле што има во складиштето, односно дека таму е складиран амониум - нитрат. 

По експлозијата во Бејрут има 145 жртви, 5.000 повредени, и десетици исчезнати. Сцените се апокалиптични. 


Тридневна жалост е прогласена во земјата. 

Четвртина милион луѓе останаа без нивните домови, затоа што експлозијата ги урна фасадите на зградите и ги однесе дури неколку километри подалеку. 

Слично

Поврзани вести