Економија, финансии, бизнис

Контакт

Треба ли државите со висока невработеност да дадат неработен „Ден на трудот“?

Треба ли државите со висока невработеност да дадат неработен „Ден на трудот“?

Денот на трудот“ е празник во спомен на вработениот маж и вработената жена. Корените на овој ден се стари повеќе од 100 години. Она што паѓа на ум е прашањето: Дали во денешното доба на висока невработеност и недоволна вработеност, треба да се слави овој празник? САД имаат официјална стапка на невработеност од 7,4 отсто. Малкумина не би се согласиле со вас ако им кажете дека неофицијалната невработеност е многу повисока, ако ја земете предвид недоволната вработеност и оние кои излегле од армијата на работна сила.

Министерството за труд го нарекува „Денот на трудот“ креација на работничкото движење, посветена на социјалните и економските достигнувања на американските работници. Секоја година тоа е посвета за прилозите кои работниците ги дале за моќта, просперитетот и за доброто на нацијата. Многу други држави имаат слични празници, познати како „Првомајски“ или „Меѓународен ден на трудот“ (работникот), кој се слави на 1 мај наместо во првиот понеделник во септември.

Без разлика кога е денот на трудот во САД или во остатокот од светот, терминот „Ден на трудот“ треба да биде вистински тажен помен во многу држави. Еве некои од државите во светот кои на последниот извештај на Економист за невработеноста имаат повеќе од 10 проценти.

- Еврозоната 12,1 % - Франција 11,0 % - Грција 27,6 % - Ирска 13,5 % - Италија 12,1 % - Латвија 11,4 % - Литванија 10,1 % - Португалија 16,4 % - Словачка 14,0 % - Словенија 12,8 % - Шпанија 26,3 % - Унгарија 10,2 % - Полска 13,1 % - Египет 13,2 % (Пред насилствата) - Јужна Африка 25,6 %

Повеќето од овие држави го слават „Денот на трудот“, но вообичаено на 1 мај секоја година, наместо во септември. Прославата во секоја од државите, кој е често платен неработен ден, изгледа дека се разликува околу тоа како тој се прославува и кои се рестрикциите.

За несреќа, терминот „висока невработеност“ систематски се заменува со „најниска вкупна невработеност“. Тоа е симбол на времето, делумно заради националните демографии, но исто така и заради лошо водените економии кои не се во можност да се адаптираат на светот кој едноставно има преценет капацитет во споредба со потребите.

Тажно е да се има вакви причини за славење. Дури е и потажно кога ќе се земе предвид колку името на празникот и намерите, можеби не го рефлектираат светот во одредени времиња.

извор: Миа

Слично

Поврзани вести