Треба ли да се забрани биткоинот затоа што е морално сомнителен?
По јавните настапи на добитници на Нобеловата награда се економија се разви дебатата дали биткоинот како електронска крипто валута треба да се забрани само затоа што е морално сомнителен, односно им овозможува и на криминалците полесно да ги водат своите бизниси, поточно да вршат вредносни трансакции без да остават траги во физички пари кои потоа властите полесно би ги следеле за да следи правда.
Дебатата ја започна нобеловецот Џозеф Штиглиц кој вели дека засега биткоинот најмалку се користи за својата првично замислена идеја - безготовински плаќања, дека нема општествено корисна примена, не може да се воспостави прецизна и квалитетна контрола и надзор од страна на институциите.
Штиглиц смета дека тоа што биткоинот не исполнува некоја општествена функција најдобро е да се забрани, што е многу чуден и морализаторски став од еден економист кој треба да ги гледа економските аспекти, а не социолошките или правните последици.
Секако, биткоинот сам по себе не е некакво зло, туку прашање е како луѓето го користат и за која цел. Во меѓувреме битконот вреди над 11.800 долари и се чини дека вредноста ќе продолжи да расте со што блокчејн технологијата ќе стане се повеќе вредна, примамлива за инвеститорите и ултимативно доста исплатлива во економска смисла.
Но, доколку се наметнат владини забрани операциите ќе мора да мигрираат во земји каде правно ќе бидат толерирани, нешто слично на даночните раеви и банкарски раеви каде важат полиберални финансиски и економски правила за големиот бизнис.
