ТРАНЗИТНИТЕ ЗОНИ ЈА СПАСИЈА МЕРКЕЛ: Зехофер останува министер, решение најдено во „5 до 12“!
Лидерот на ЦСУ изјави синоќа дека на состанокот со челниците на сестринската партија ЦДУ е постигнат договор за спорот околу мигрантите и дека ќе остане министер за внатрешни работи на Германија.
„После интензивни разговори на ЦДУ И ЦСУ, постигнавме договор за тоа како можеме во иднина да ја спречиме илегалната имиграција на границата меѓу Германија и Австрија“. рече Зехофер после повеќечасовни разговори со канцеларката Меркел во Берлин,
Тој претходно понуди оставка на двете позиции, ако канцеларката не прифати контроли на границата кои би опфатиле и враќање на некои мигранти од германската граница.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека на состанокот со СЦУ после „тешка борба“ е постигнат компромис за миграцијата кој предвидува воспоставување на транзитни центри на границата на Германија со Австрија.
Од тие центри мигрантите ќе бидат врате во земјите во кои претходно се регистрирани, објасни Меркел.
„Со тоа е сочуван духот на партнерство во ЕУ“, рекла таа и додала дека истовремено ќе бидат преземени национални мерки за да се управува подобро со миграцијата, пренесоа германските медиуми.
