ТРАНЗИСТОР ОД ДРВО: Ова е реалност, го создадоа научници од Шведска
Истражувачите од Универзитетот на Линкопинг и Кралскиот институт за технологија во Шведска го создадоа и првиот транзистор од дрво во светот. Научниците одлучија да употребат дрво затоа што тоа е слаб спроводник на струја.
Користејќи балза од тврдо дрво поради неговата релативно висока јачина, мала густина и хомогена структура, Енгквист и неговиот научен тим го наполнија преостанатиот материјал со мешан полимер којшто спроведува електрон-јони, познати како 3,4-етилендиокситиофен - полистирен сулфонат.
„Дрвениот транзистор е бавен и тежок, но работи и има огромен потенцијал за развој“, вели електроинженерот Исак Енгквист од Универзитетот.
Идејата не е нова, а истражувачите и претходно ја испитуваа можноста за користење растителен материјал како порозен контејнер за електрохемиски и спроводливи материи.
