Економија, финансии, бизнис

Контакт

Транспортен хаос во цела Европа по експлозиите во Брисел

Транспортен хаос во цела Европа по експлозиите во Брисел
Веста за нападите одекна насекаде во Европа, a голем број градови одлучија да го зголемат нивото на безбедност. Европскиот транспорт потона во хаос по експлозиите на аеродромот и метрото во Брисел. Автобусите, трамваите и метрото целосно застанаа во Брисел.  Белгиските власти го зголемија степенот на тревога од терористичка закана на нејзиното ниво. Меѓународниот аеродром во Брисел-Завентем е затворен до утре до 5 часот. Летовите од и за Брисел се откажани. Германската полиција ги зголеми мерките за безбедност на најголемиот аеродром во Германија во Франкфурт. Околу 2.500 полицајци се ангажирани за безбедноста на аеродромот во Франкфурт. На парискиот аеродром Роаси се воведени засилени мерки за безбедност, а истото го направи и Холандија. Авион на финска авиокомпанија кој  полетал утрово од Хелсинки, е пренасочен кон Амстердам поради експлозиите во Брисел.
Слично

Поврзани вести