Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Транспаренси интернешенел“: Расте корупцијата во светот!

„Транспаренси интернешенел“: Расте корупцијата во светот!

Kорупцијата во светот, во изминатите две години се зајакнува, смета повеќе од половина од светската популација. Според извештајот на „Транспаренси интернешенел“, објавен денеска, речиси 27 проценти од анкетираните изјавиле дека во последната година, минимум еднаш се нашле во ситуација да дадат поткуп за да добијат некаква услуга од државна или друга институција.

- Државите треба да гледаат посериозно на гласовите против корупцијата и да преземаат конкретни мерки, обезбедувајќи транспарентност и одговорност на администрацијата пред граѓаните, предупредува Хагет Лабел, претседател на „Транспаренси интернешенел“.

Анкетата „Светски барометар за корупција“ спроведена меѓу 114 илјади лица од 107 земји покажува и криза на довербата кон политичката класа.

Во 51 држава политичките партии се сметаат за најкорумпирана институција, додека според 55 проценти од анкетираните сметаат дека владините акции се насочени кон приватни интереси.

„Транспаренси интернешенел“ препорачува политичарите да ги објават своите лични и на семејствата даночни пријави, додека политичките субјекти треба да објават кој ги финансира и во колкав износ.

Слично

Поврзани вести