Транша од една милијарда долари одобри ММФ за Ирска
Нова транша во вредност од една милијарда долари одобри ММФ во рамките на програмата за спас на Ирска.
Кон крајот на 2010 година по колапсот на најголемите банки Ирска беше принудена да побара финансиска помош од европските партнери и од ММФ. Поради што доби пакет-помош во вредност од 85 милијарди евра во замена за исклучително строги мерки за штедење.
Ирска си постави за цел да заврши со програмата за спас до крајот на годината. Сепак, економијата на земјата останува ранлива, а како доказ за тоа е повторното запаѓање во рецесија кон крајот на месец јуни.
ММФ очекува ирската економија во вториот квартал да забележи пад од 1,2 проценти на годишно ниво, како резултата на намалувањето на извозот и на домашната побарувачка. Иако се очекува дека во втората половина од годината економијата ќе забележи раст.
