Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА ОД СЕМЕЈСТВОТО КАСТРО: Куба доби нов лидер по повлекувањето на Раул Кастро

ТРАНСФЕР НА ВЛАСТА ОД СЕМЕЈСТВОТО КАСТРО: Куба доби нов лидер по повлекувањето на Раул Кастро

Куба во понеделникот го означи крајот на една ера со трансфер на власта од семејството Кастро, кое ја водеше земјата шест децении, на првиот цивилен водач на земјата во историјата на комунистичката земја, Мигел Дијаз-Канел.

Додека Раул Кастро (89) заминува во пензија, тој му ја предаде позицијата на апсолутна власт на првиот секретар на Комунистичката партија на Куба, Диас-Канела (60), кој е кубански претседател од 2018 година.

- 19 април, историски ден - твитна новиот лидер, пофалувајќи ја „основачката и владејачка“ генерација на Комунистичката партија на Куба за предавањето на власта.

Изборот на Дијас-Канел на партискиот конгрес, иако однапред познат, претставува пресвртница за земјата со 11,2 милиони жители, од кои многумина немаа друг водач, освен еден од браќата Кастро.

Фидел Кастро, сè уште длабоко почитуван како татко и спасител на нацијата, ја водеше земјата од 1959 до 2006 година, кога се разболе и власта ја презеде неговиот брат Раул. Фидел Кастро почина во 2016 година.

Дијаз-Канел и некои други членови на извршното тело на Комунистичката партија се родени по револуцијата предводена од браќата Кастро во 1950-тите, која во 1959 година доведе до соборување на диктаторот Фулгенсио Батиста.

Конгресот на Комунистичката партија се одржа 60 години откако Фидел Кастро ја прогласи Куба за социјалистичка држава и повеќедеценискиот конфликт со Соединетите држави кои воведоа санкции против Куба во 1962 година.


Фото: Мигел Дијаз-Канел/агенции

Слично

Поврзани вести