Трансатлантскиот гасовод ги зближи Грција и Азербејџан?
Како што објави грчка Вима, премиерот на Грција Андонис Самарас планира посета на Азербејџан месецов за да ги убеди властите во Баку дека Грција има политичка волја за реализација на проектот за изградба на Трансатлантски гасовод. Во написот се додава и дека грчката страна е задоволна од развојот на односите со Азербејџан, а Атина почнува со подготовка за свикување на високиот совет за соработка со Азербејџан.
Истовремено се очекува азербејџанската нафтена компанија СОКАР да достави понуда за учество на тендерот за приватизација на грчкиот оператор за гас ДЕСФА.
Дел од грчките всници во изминатиот период пишуваа дека властите бараат странски инвеститори во делот на енергетиката, поради што ќе следат посети на повеќе држави меѓу кои и Азербејџан, Кина и Русија.
