Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ЖЕСТОКО МУ СЕ ЗАКАНИ НА КИМ: Држејќи говор, директно му се обрати на лидерот на Северна Кореја!

ТРАМП ЖЕСТОКО МУ СЕ ЗАКАНИ НА КИМ: Држејќи говор, директно му се обрати на лидерот на Северна Кореја!

Претседателот на САД Доналд Трамп првиот ден од својата посета на Јужна Кореја прати остра порака до Пјонгјанг, предупредувајќи ги Севернокорејците да не ги искушуваат и потценуваат.

„Не потценувајте не. Не ставајте не во искушение“, рекол Трамп додавајќи дека севернокорејскиот лидер Ким оружјето кое го набавува не ги прави безбедни“, пренесе БиБиСи.

Во неочекуван потег, Трамп одлучи директно да му се обрати на Ким во својот говор пред јужнокорејскиот парламент, инсистирајќи да ги отфрлат ракетните и нуклеарни програми.

„Го ставаат твојот режим во голема опасност. Секој чекор кој го направиш низ овој мрачен пат ја зголемува опасноста со која се соочуваш. Северна Кореја не е рај кој твојот дедо го замислил. Тоа е пекол кој ниедна личност не го заслужува“ рекол Трамп.

Тој нагласил дека фатална грешка било да се толкува како слабост контролираното однесување на САД, бидејќи сега во Вашингтон има друга администрација.

Американскиот претседател исто така нагласил дека „сака мир низ сила“ , мислејќи на големото присуство на американската војска на Корејскиот полуостров, повикувајќи ја Русија и Кина да ги прекинат сите врски со Северна Кореја, вклучувајќи ги и економските.

Слично

Поврзани вести