ТРАМП ЗБОРУВАЛ СО ПУТИН: Го замолил за една работа врзана за Курск
Претседателот на САД, Доналд Трамп кажа дека разговарал со рускиот колега Владимир Путин и го молел да ги поштеди украинските војници. Вели дека тоа би било масакр.
Трамп изјави дека имал „многу добар и продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Путин, тврдејќи дека „има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да дојде до крајот“. Тој зборувал и за украинските сили опколени во Курск.
„Силно побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Ова би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Нека Господ ги благослови сите!!!“, рече Трамп.
Украинските сили лани на 6 август упаднаа во Курск, но деновиве се повлекоа од овој руски регион. Форбс пишува дека откако украинските сили заминале, зад себе во Курск оставиле западно оружје.
„Најдобрата опрема и артилерија што им припаѓаше на најсилните украински бригади останаа како воени трофеи“, се наведува во текстот.
Руската инвазија на Украина трае повеќе од 3 години.
foto EPA/YURI GRIPAS / POOL
