Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Не сум негов голем фан

ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Не сум негов голем фан

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не го смета украинскиот претседател Володимир Зеленски за одговорен за војната, но рече дека „не е негов голем обожавател“.

„Не го сметам Зеленски за одговорен, но не сум многу задоволен од фактот што започна оваа војна. И затоа не сум задоволен со него, и не сум задоволен од никого што е вклучен“, објасни Трамп. 

Рече дека не е голем фан на Зеленски.  Американскиот претседател во понеделникот ги обвини рускиот претседател Владимир Путин, екс американскиот претседател Џо Бајден и Зеленски за војната. Кажа дека тие можеле да спречат да не дојде до војна. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. Трамп дури се фалаше дека за еден ден ќе ја реши војната, но тоа не се случи. 

Слично

Поврзани вести