Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Мора да се каже дека е храбар, има одлична опрема, но има и одлични борци

ТРАМП ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Мора да се каже дека е храбар, има одлична опрема, но има и одлични борци

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали „храбриот“ украински претседател Володимир Зеленски, оценувајќи дека тој „добро се држи“ во војната против Русија, објави „Скај њуз“.

Претходно, украинските сили уништија важен железнички мост на Крим, во обид дополнително да го изолираат полуостровот што е под руска окупација.

За време на средбата во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дописникот на „Скај њуз“ од САД, Марк Стоун, го праша Трамп дали смета дека Зеленски победува во војната.

„Добро се држи, како и да гледате на тоа. Најмалку може да се каже дека се држи. Многу луѓе умираат на двете страни, но мислам дека се држи прилично добро. Мора да се каже дека е храбар. Има одлична опрема, но има и одлични луѓе, борци“,  рече Трамп.

Лидерите на Германија, Франција, Италија, Полска и Обединетото Кралство, познати како групата „Е5“, на состанок во Берлин ја потврдија поддршката за Украина и најавија продолжување на притисокот врз Русија.

Украина изврши нови напади врз анектираниот полуостров Крим, при што загинаа најмалку две лица, соопштија локалните власти назначени од Москва.  Жртви има и во Брјанската област. 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека „квалитетот на војната“ во Украина ќе се промени веднаш ако Киев ја вовлече Белорусија во неа, додавајќи дека неговата земја ќе застане на страната на Русија во секоја ситуација.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека војната во Украина мора да заврши и дека е потребно да се создадат услови за траен мир. Според него, Русија нема да успее да ги оствари своите цели преку воена сила и не може да излезе како победник од конфликтот.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Слично

Поврзани вести