Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
САД и Венецуела се на работ на војна. Вашингтон испрати војници во регионот, а најголемиот носач на авиони, „УСС Џералд Р. Форд“, предводи армада од 11 воени бродови во Карибите.
Околу 15.000 припадници на армијата и околу 100 борбени авиони се подготвени за акција, објави британскиот весник „Телеграф“ .
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп го потврди ова вчера додека седеше на масата за време на состанокот на кабинетот во Белата куќа.
Тој вети дека нападите на венецуелска територија се неизбежни , по неколкунеделните напади врз „наркотерористи“ и нивните бродови на море.
„Многу е полесно на копно. Многу е полесно, а ние ги знаеме патеките што ги одбираат. Знаеме сè за нив. Знаеме каде живеат. Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро“, рече Трамп.
Зборовите на Трамп укажуваат на ограничени напади врз цели на дрога. Сепак, ова би можело да биде само почеток на поширока операција за соборување на режимот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со воздушни напади проследени со операции на специјалните сили за отстранување на клучни личности и искоренување на лидерите на опозицијата.
Пред неколку дена Трамп соопшти дека воздушниот простор над Венецуела е затворен.
Ако дојде до војна меѓу овие две земји, светот ќе трпи економски штети.
foto printskrin
