Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ЗА УКРАИНА: Се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата

ТРАМП ЗА УКРАИНА: Се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека очекува многу брзо да се договори за целосен прекин на огнот во Украина, објави Си-Ен-Ен.

Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.

„Во моментов се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата. За тоа се преговара токму сега, додека зборуваме овде“, рече Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека следната недела во Париз ќе се одржи самит на „коалицијата на подготвените“, група земји подготвени да ги финансираат и учествуваат мировните напори во Украина во случај на договор за прекин на огнот.

Зеленски на денешната прес-конференција со чешкиот претседател Петр Павел рече дека на самитот ќе се разговара за идните безбедносни гаранции за Украина. Војната почна пред повеќе од три години. 

Слично

Поврзани вести