Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ЗА РУСИЈА: Некако ми снемува трпение, ќе има тешки удари преку санкции

ТРАМП ЗА РУСИЈА: Некако ми снемува трпение, ќе има тешки удари преку санкции

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин „истекува“ и најави нови остри економски мерки против Москва поради застојот во мировните преговори со Украина.

„Некако ми снемува трпение, и тоа со забрзано темпо. Ќе има тешки удари преку санкции кон банките, нафтениот сектор и преку царини“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Тој додаде дека неговата администрација веќе презела одредени чекори, вклучително и воведување царини кон Индија поради тоа што купува руска енергија, но додаде дека очекува поголем ангажман од европските земји, бидејќи, како што истакна, „ова повеќе е проблем на Европа отколку на САД“.

Претходно кажа дека не му се допаѓа тоа што Русија убива цивили. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 
foto EPA/JIM LO SCALZO

Слично

Поврзани вести