Трамп за Ормутскиот теснец: Ако Иран прави проблеми, ќе се соочи со последици какви што досега не видел
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска упати јасна закана насочена кон Иран, нагласувајќи дека неговата администрација нема да дозволи попречување на меѓународниот поморски сообраќај.
Според него, доколку Техеран продолжи со потези кои ја загрозуваат безбедноста на овој клучен пат за транспорт на нафта, САД ќе одговорат со драстични мерки. Тој не ја исклучи можноста за целосна блокада, што би имало огромни последици за глобалната економија.
„Ормутскиот теснец е од витално значење за целиот свет. Ако Иран се обиде да го затвори или да прави проблеми, ќе се соочи со последици какви што досега не видел. Јас сум подготвен да го затворам протокот на сообраќај таму додека не се воспостави ред. Нема да дозволиме играње со глобалната енергетска безбедност“, вели тој.
Експертите предупредуваат дека секоја ескалација во овој регион може да доведе до драстичен скок на цените на нафтата на светските берзи, со оглед на тоа што значаен дел од светскиот извоз на нафта минува токму низ овој тесен морски премин.
На 28 февруари годинава, САД и Израел почнаа со напади на Иран. Војната уште трае и предизвикува шокови на цените на енергенсите.
фото принтскрин јутјуб
