Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tрамп за Оман: Ќе се однесуваат како сите останати или ќе мора да ги разнесеме

Tрамп за Оман: Ќе се однесуваат како сите останати или ќе мора да ги разнесеме

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани на Оман, предупредувајќи дека САД нема да дозволат заедничка контрола на Иран и Оман врз стратешки важниот Ормутски теснец. Трамп изјави дека Ормутскиот теснец е меѓународен поморски премин кој, според него, „никому нема да му биде дозволено да го контролира“.

„Никој нема да го контролира теснецот. Тоа се меѓународни води. Оман ќе се однесува како сите останати или ќе мора да ги разнесеме“, изјавил Трамп, според пренесувањето на New York Post.

Оман претходно имаше улога на посредник во преговорите меѓу САД и Иран пред ескалацијата на конфликтот во регионот. Ормутскиот теснец важи за една од најкритичните поморски рути во светот. Израел и САД на 28 февруари годинава почнаа со напади на Иран, со цел земјата да се откаже од намерата да поседува нуклеарно оружје. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести