Трамп за Иранците: Тие си го губат времето, синот на Хамнеи е од лесна категорија
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака САД да имаат улога во изборот на новиот врховен водач на Иран и ги охрабри курдските опозициски групи да тргнат во офанзива. Тој кажа дека процесот на избор на новиот лидер на Иран е во многу рана фаза, но дека синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, Моџтаба, е малку веројатен избор.
„Тие си го губат времето. Синот на Хамнеи е од лесна категорија. Морам да бидам вклучен во назначувањето како со Делси Родригес во Венецуела. Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“, вели тој.
Инаку, Хамнеи загина во нападите во саботата во Техеран. Израел и САД почнаа со напади и судирите уште траат.
Војната со Иран ја чини Америка милијарда долари дневно.
foto printskrin youtube
