Трамп за Иран: Гледајте што се случува со овие пореметени ѓубриња!
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп кажа дека е голема чест да се убиваат членовите на иранскиот режим.
Вели дека целосно го уништиле терористичкиот режим на Иран, воено, економски и на други начини.
„Имаме неспоредлива огнена моќ, неограничена муниција и многу време. Веќе нема што да се гаѓа таму. Никој не бил така напаѓан од Втората светска војна наваму. Гледајте што се случува со овие пореметени ѓубриња! Тие убиваат невини луѓе низ целиот свет 47 години, а сега јас, како 47. претседател на САД, ги убивам нив. Колку голема чест е тоа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Тој кажа дека новиот ирански врховен водач Моџтаба Хамнеи е оштетен, но веројатно жив во некој облик.
Инаку, Трамп најави дека идната недела ќе му зададат силен удар на Иран.
foto printskrin youtube
