Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп за Газа: Тежок товар е отстранет, но работата не е завршена

Трамп за Газа: Тежок товар е отстранет, но работата не е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека работата во Газа не е завршена, затоа што телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.

„Втората фаза од мировниот договор за Газа започнува веднаш“, рече Трамп. 

Сите 20 преживеани заложници се вратија дома.

„Тежок товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела бара од палестинската терористичка група да ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.

Рокот истече во понеделник напладне и Хамас ослободи 20 живи заложници, но ги врати само телата на само четворица од 28-те загинати во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.

Рокот во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група која ќе помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.

Израел одлучи утре да не го отвора граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, што е пропишано со договорот за прекин на огнот во Газа, бидејќи палестинската терористичка група Хамас не ја исполни својата обврска да ги врати телата на сите мртви заложници што сè уште ги држи во Појасот Газа.

На 7 октомври во 2023 година Хамас го нападна Израел и тоа беше почеток на војната. 

foto printskrin

Слично

Поврзани вести