Трамп за египетскиот претседател: Се вљубив во него веднаш штом го видов
Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г7 во Франција го искоментира египетскиот претседател Абдел Фатех ал-Сиси, присетувајќи се на нивната прва средба за време на неговата претседателска кампања.
„Го запознав многу рано во кампањата. Ми рекоа дека претседателот на Египет е тука и тоа беше голема работа“, изјави Трамп.
Тој потоа додаде дека веднаш воспоставиле добар однос.
„Се вљубив во него веднаш штом го видов. Имавме одличен однос уште од самиот почеток“, рече Трамп.
Ал-Сиси, кој со години е соочен со критики од меѓународните организации за човекови права, важи за еден од странските лидери со кои Трамп одржува блиски односи.
foto printskrin youtube
Слично
