Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Војната со Северна Кореја не е неизбежна

Трамп: Војната со Северна Кореја не е неизбежна

Употребата на воена сила против Северна Кореја не е нешто неизбежно, изјавил претседателот на САД Доналд Трамп, додавајќи дека претпочита да избегне воена варијанта.

"Воени активности се секако опција. Дали е неизбежно? Нема ништо неизбежно. Би сакал да избегнам воена опција, но тоа сигурно е нешто што може да се случи.

Се надевам дека нема да треба да користиме воена сила против Северна Кореја. Ако го направиме тоа ќе е многу тажен ден за Северна Кореја ", изјавил Трамп по состанокот во Вашингтон со емирот на Кувајт Шеик Сабах ал Ахмад ал Џабер ас Сабах.

Слично

Поврзани вести