Економија, финансии, бизнис

Контакт

TРАМП ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ КОВИД: Има проблеми со високиот притисок и е во ризичната група

TРАМП ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ КОВИД: Има проблеми со високиот притисок и е во ризичната група

На само еден месец прет претседателските избори во САД, кои треба да се одржат на 3 ноември, со воениот хеликоптер „Марин оне“ американскиот претседател Доналд Трамп итно е префрлен во медицинскиот центар Валтер Рид, откако претходно беше потврдено дека е заразен со корона вирусот. Од Белата куќа информираат дека  тој ќе мора да биде хоспитализиран неколку дена зошто 74-годишниот претседател има проблеми со притисокот и е во ризична група.

-Претседателот прими коктел од лекови, се чувствува уморно, но е добро расположен, и ќе биде сместен во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид. Од претпазливост, по совет на својот лекар и медицински експерти, претседателот ќе работи од претседателскиот кабинет во Валтер Рид следните неколку денови, соопштија од Белата куќа.

Во текот на вчерашниот ден Трамп даде официјална изјава тој и првата дама Меланија Трамп се позитивни на ковид-19 и ќе се обидат да се опорават. Двајцата најверојатно се заразиле од првата советничка на Трамп, Хоуп Хикс, со која тој во текот на неделава повеќе пати патуваше. 


Слично

Поврзани вести