Трамп: „Вештачката интелигенција го презема светот. Се надевам дека знаете што правите бидејќи јас не знам“
Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека вештачката интелигенција „го презема светот“ и се пошегува дека се надева дека технолошките лидери знаат што прават бидејќи „јас не знам“
Трамп, заедно со британскиот премиер Кир Стармер, беа домаќини на бизнис и технолошки лидери во Лондон, вклучувајќи го и извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, за време на неговата втора државна посета на Велика Британија.
Иако говорот требаше да биде посветен на пријателството меѓу двете земји, ново технолошко партнерство и инвестиции вредни стотици милијарди долари, Трамп призна дека неговото разбирање за вештачката интелигенција е ограничено.
„Ова ќе создаде нова соработка меѓу владата, академијата и приватниот сектор во области како вештачката интелигенција, која го презема светот... Ве гледам вас момци, вие го преземате светот. Јенсен, немам поим што правите тука“, рече Трамп, обраќајќи се кон шефот на Nvidia, што предизвика смеа кај Стармер и толпата. „Се надевам дека сте во право“. „Сè што можам да кажам е дека двајцата се надеваме дека сте во право.“
Трамп и Стармер потоа потпишаа договор наречен „Договор за технолошки просперитет“, кој ги обврзува двете земји на заеднички развој на модели на вештачка интелигенција во здравството, проширување на капацитетот на квантното пресметување и забрзување на цивилните нуклеарни проекти. >>Прочитајте повеќе ТУКА<<
Како дел од договорот, Nvidia објави дека ќе инсталира 120.000 графички процесори во Велика Британија, најмногу во Европа досега. Пред да го потпише документот, Трамп го праша министерот за финансии Скот Бесент во негов стил: „Дали треба да го потпишам ова? Дали си сигурен, Скот? Ако договорот не помине добро, ќе те обвинам тебе.“
Тпортал