Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп вели дека Курдите ги изневериле и дека тоа нема да го заборават

Трамп вели дека Курдите ги изневериле и дека тоа нема да го заборават

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека тие се обиделе да испорачаат оружје на иранскиот народ со цел да придонесат за соборување на режимот во Техеран, но дека нивните регионални сојузници, Курдите, „ги изневериле“ и го задржале оружјето за себе наместо да го дистрибуираат.

Трамп во интервју за Фокс њуз кажа дека САД испорачале оружје на Курдите, кои се регионални противници на Иран, но дека тие го задржале за сопствени потреби.

„Курдите нè изневерија. Но, ќе го запомнам тоа, Курди“, додаде Трамп.

Тој додаде дека уште од почетокот бил против тој план затоа што се сомневал дека Курдите ќе го задржат оружјето.

Масовните протести во Иран избувнаа кон крајот на 2025 година како демонстрации на трговци во Техеран и во други градови поради лошата економска состојба, а набргу прераснаа во пошироки протести и повици за смена на власта.

Протестите завршија во средината на јануари оваа година, откако властите ги задушија демонстрациите.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести