ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА ИРАНЦИТЕ ПОСАКУВАЛЕ СМРТ НА ИЗРАЕЛ И АМЕРИКА: Кажа дали ќе го нападне Иран
Можеби ќе го нападнам Иран, можеби и не, вели американскиот претседател Доналд Трамп.
„Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе го направам. Можеби нема“, им рече тој на новинарите.
Додаде дека Иран има многу проблеми и сака да преговара. „И им реков: Зошто не преговаравте со мене пред сите овие уништувања? Зошто не дојдовте? Им кажав на луѓето, зошто не преговаравте со мене пред две недели?“, кажа американскиот претседател. Тој рече дека Иран му пристапил и дека „тие дури предложиле да дојдат во Белата куќа“. „Имаа лоши намери. Знаете, 40 години велат: Смрт за Америка, смрт за Израел, смрт за секој друг што не го сакаат, каде било. Насилници. Беа како насилници на училишното игралиште. А сега не се. Но, ќе видиме што ќе се случи.“, заклучи тој.
