Трамп вели дека Брижит лошо се однесува со Макрон, а францускиот претседател се јави со коментар
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го коментираше приватниот живот на францускиот колега Емануел Макрон.
Тој рече дека сопругата на Макрон „се однесува многу лошо кон него“ и дека францускиот лидер сѐ уште „закрепнува од ударот во вилицата“.
Трамп алудираше на видео од мај 2025 година, снимено во претседателски авион, каде камерите забележаа кратка, нејасна интеракција меѓу двојката пред официјална посета на Виетнам.
Во тоа време, Макрон ги отфрли шпекулациите за расправија, објаснувајќи дека станува збор за вообичаена шега меѓу нив.
Но новата интерпретација од Трамп ја врати приказната во фокус и ја претвори во политички момент.
Францускиот претседател реагираше директно и без дипломатски филтер.
„Трамп зборува премногу… неговите изјави не се ниту елегантни, ниту пак се на ниво“, изјави Макрон.
Овие коментари не доаѓаат изолирано. Тие се дел од поширокото незадоволство на Трамп кон европските сојузници во НАТО.
foto printskrin
