Трамп удира каде ќе стигне: Размислува да бара од Кина исплата на царски долгови
Администрацијата на Доналд Трамп ја разгледува можноста да бара од Пекинг исплата на долговите по хартии од вредност од периодот на владеењето на императори во Кина.
Американскиот лидер веќе се состана со групата сопственици на такви облигации кои лобираат за идејата да се бара исплата на долгови од Кина, пренесе Блумберг.
Хартиите од вредност на царска Кина се пуштени на почетокот на минатиот век. Главна цел им била добивање средства за изградба на железници.
Голем обем хартии од вредност и понатаму се чуваат кај американски колекционери, а може да се купат и по онлајн аукции.
Според пресметките на еден од основачите на фондот сопственик на кинески хартии од вредност, сумата на исплата заедно со камати и компензации изнесува повеќе од билион долари.
Властите на Кина не признаваат долгови од времиња пред револуцијата и одбиваат да ги исплаќаат.
