Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп тврди дека Хилари Клинтон треба да оди во затвор

Трамп тврди дека Хилари Клинтон треба да оди во затвор

Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп упати напади на адреса на Хилари Клинтон.

Тој го опиша нејзиниот говор за надворешна политика во четвртокот за „измама“ и продолжи да ја напаѓа остро за користење на личниот нејзин маил за службени цели, соопшти американското издание The Hill.

„Дали се сеќавате дека реков дека ќе возвратам на ударите? По кажаното од неа за мене во нејзиниот говор за измамата - овој говор беше измама, тоа беше нарачка против Доналд Трамп - а јас ќе го кажам ова: Хилари Клинтон треба да оди во затвор“, рече Трамп на митинг во Сан Хозе, Калифорнија.

Трамп го нарече однесувањето на Клинтон „шарлатанско“ и ја обвини дека го поддржала нуклеарниот договор со Иран, бидејќи не сака да влезе во затвор поради скандалот со нејзиниот личен маил.

„Таа се согласува со се што побарал Обама од неа, знаете ли зошто? Таа не сака да влезе во затвор“, рече тој.

Доналд Трамп коментира уште дека Обама и Клинтон се мразат меѓусебно.

Милијардерот вели дека ако биде избран за претседател, ќе му даде насоки на својот главен обвинител да ја испита Клинтон во врска со пораките.

Слично

Поврзани вести