Трамп: Тие сакаат да го изневерам Путин, дали се луди?
Веројатниот кандидат на Републиканците за претседател на САД Доналд Трамп рекол дека рускиот претседател Владимир Путин за него кажал дека е брилијантен.
Тој на митингот во Тексас говорел и за неодамнешното масовно убиство во Орландо.
„Путин рекол дека сум брилијантен и дека ќе бидам нов лидер ... Тие со кои дебатирав рекоа дека би сакале да ја оспорам оваа изјава. Јас ги прашав дали тие се луди ...“, рекол трамп.
Своето излагање го искористил и повторно да се заложи за промена на правилата за поседување на оружје.
Како по правило, пред објектот во кој е одржан митингот на Трамп се собрале голем број негови противници, кои одржале протестен собир.
Слично
