Трамп: Техеран да се откаже од нуклеарните амбиции или ние ќе бидеме нивниот најголем кошмар
Соединетите Американски Држави(САД) се заканија дека ќе го уништат Иран ако не се откаже од нуклеарната програма.
„Американските сили со недели нанесуваат сериозни удари врз воените капацитети на Иран на ниво што ретко се гледа“, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот на неговиот кабинет и повтори дека САД убедливо победуваат во конфликтот.
Тој го повтори своето претходно тврдење дека Иран сака да постигне договор.
Кажа дека Иранците се „лоши борци, но одлични преговарачи“.
Трамп го повика Иран да се согласи на договор со кој ќе се стави крај на американските и на израелските напади, предупредувајќи дека во спротивно ќе следат уште напади.
„Техеран има можност трајно да се откаже од своите нуклеарни амбиции и да тргне по нов пат. Ќе видиме дали сакаат да го сторат тоа. Ако не, ние ќе бидеме нивниот најлош кошмар. Во меѓувреме, ќе продолжиме да ги уништуваме“, рече Трамп.
Претседателот, исто така, рече дека Иран има план да ја преземе контролата врз Блискиот Исток и ја наведе заканата од развој на нуклеарно оружје како клучна причина за воените напади.
фото принтскрин
