ТРАМП СО СЕРИОЗЕН УДАР ВРЗ УВОЗОТ НА ЛЕКОВИ: Најавени се драстични царини до 200 проценти
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека почнувајќи од 1 август, сите генерички лекови увезени во САД во следните две години ќе бидат ослободени од царини, по што тие ќе бидат зголемени на 100 проценти за една година, а потоа на 200 проценти.
Трамп изјави на социјалната мрежа Truth Social дека целта на оваа мерка е враќање на производството на генерички лекови во САД, со санкции за компаниите кои нема да изградат производствени капацитети и да ја купат потребната опрема во земјата во предвидениот рок.
Според него, целта на оваа политика е да се заштитат американските граѓани и да се зајакне домашното фармацевтско производство.
Трамп нагласи дека политиката поврзана со патентирани, брендирани и иновативни лекови ќе остане непроменета.
Тој додаде дека капацитетите за фармацевтско производство се градат низ САД „на ниво какво што никогаш порано не е видено“.
Фото: Принтскрин/Икс