Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА - овој пат ја „анектираше“ Канада кон Америка (ФОТО)

ТРАМП СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА - овој пат ја „анектираше“ Канада кон Америка (ФОТО)

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Твитер објави две мапи со Канада како дел од САД, по неговите предлози соседната земја да стане 51-ва американска држава.

На првата карта територијата на Канада е обоена заедно со САД во боите на американското знаме, а како опис на сликата Трамп напиша: „О, Канада“.

На втората карта, Канада е засенчена во иста боја како и САД, а со црни букви е напишано името „Соединетите Американски Држави“.

Соседното Мексико е означено со различна боја, а на мапата е само неговиот северен дел.


Трамп претходно ја повика Канада да им се придружи на САД како одговор на најавата на премиерот Џастин Трудо за неговата намера да поднесе оставка.


Тој наведе дека обединувањето на двете земји ќе ги укине трговските царини, ќе ги намали даноците и ќе и гарантира целосна безбедност на Отава од наводните закани на руски и кинески бродови, кои, според републиканецот, постојано ги опкружуваат.

Од друга страна, Трудо рече дека „нема шанси“ неговата земја да стане дел од САД, истакнувајќи дека работниците и заедниците во двете земји имаат корист од меѓусебните трговски и безбедносни партнерства.

На 6 јануари канадскиот премиер поднесе оставка како лидер на Либералната партија поради падот на поддршката од гласачите, но ќе остане на премиерската функција додека партијата не го избере неговиот наследник.

Фото: Принтскрин/Трут

Слично

Поврзани вести