Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп со бизарен телефонски разговор - Туризмот во Гвам ќе цвета

Трамп со бизарен телефонски разговор - Туризмот во Гвам ќе цвета

Американскиот претседател Доналд Трамп имаше бизарен телефонски разговор со Еди База Калво гувернерот на Гвам кој сакаше да го увери дека не треба да се грижи за безбедноста на пацифичкиот остров под контрола на САД, но во негов стил даде прогноза дека сега туризмот ќе процвета.

Гвам влезе во фокусот на светските медиуми откако режимот во Северна Кореја се закани дека ќе изврши ракетен напад. Трамп вети дека САД ќе одговори на жесток начин со оган каков што никој досега не видел предупредувајќи го Ким Џонг Ун да не презема никакви акции бидејќи последиците ќе бидат тешки.

Слично

Поврзани вести