Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп смета дека реизборот на Бајден може да доведе до Трета светска војна

Трамп смета дека реизборот на Бајден може да доведе до Трета светска војна

Екс американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека реизборот на актуелниот американски лидер Џозеф Бајден може да заврши лошо, можеби дури и со Трета светска војна. Трамп се надева дека Бајден нема да добие уште еден мандат.

„Мислам дека нешто лошо може да се случи. Оваа земја има проблеми, ќе завршиме со Трета светска војна. Тие зборуваат за нуклеарно оружје, а ние имаме човек кој не разбира што се случува. Украина и Русија се борат и ние сме вовлечени во тоа. Тоа ќе биде катастрофа“, рече Трамп во интервју за ТВ каналот „Њузмакс“.

Трамп изјави дека неуспешната надворешна политика на Бајден ги зголеми глобалните тензии и нуклеарните преговори, пренесе Танјуг.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го нарече Бајден сенилен и „очаен дедо“ откако американскиот претседател ја објави својата кандидатура за реизбор во 2024 година. 

Слично

Поврзани вести