ТРАМП СИЛНО „УДРИ“ ПО СОРОС: Треба да биде кривично одговорен, нема да дозволиме лудаци да ја распарчат Америка
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син, кого го нарече „радикален левичар“, треба да бидат обвинети според американскиот закон РИКО (Закон за организиран криминал).
- Сорос и неговиот прекрасен син радикален левичар треба да бидат обвинети според законот РИКО за поддршка на насилни протести и многу други работи низ Соединетите Држави. Нема да дозволиме овие лудаци да продолжат да ја распарчуваат Америка, дури ни да ѝ дадат шанса да „дише“ и да „биде слободна“ - напиша Трамп во остра порака објавена на неговата социјалната мрежа Вистина.
Потоа Трамп дополни дека „Сорос и неговата група психопати ѝ направија голема штета на нашата земја“, особено посочувајќи ги своите „луди пријатели од Западниот брег“.
- Бидете внимателни, ве следиме! Ви благодариме за вашето внимание во ова прашање - рече претседателот на САД.
Фото: Принтскрин/Тру
