ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТРАМП СИ ИГРА СО УЛТИМАТУМИ, ЌЕ ГИ ВОВЛЕЧЕ САД ВО ВОЈНА ПРОТИВ РУСИЈА“: Медведев за рокот кој Трамп му го даде на Путин

„ТРАМП СИ ИГРА СО УЛТИМАТУМИ, ЌЕ ГИ ВОВЛЕЧЕ САД ВО ВОЈНА ПРОТИВ РУСИЈА“: Медведев за рокот кој Трамп му го даде на Путин

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев напиша на X дека американскиот претседател Доналд Трамп игра „игра so ултиматум“ za Русија и дека таков пристап би можел да доведе до војна во која ќе бидат вклучени САД. 

„Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку со сопствената земја (на Трамп), напиша Медведев.

Трамп вчера изјави дека е фрустриран од неуспехот на рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната во Украина и дека го намалува рокот за постигнување мировен договор од 50 на 10 до 12 дена. „Ќе поставам нов рок од околу… 10 или 12 дена од денес“, им рече Трамп на новинарите за време на состанокот со британскиот премиер Кир Стармер, најавувајќи дека ќе даде официјално соопштение вечерва или утре. „Нема причина да се чека… Едноставно не гледаме никаков напредок“, рече американскиот претседател.

Трамп одговори дека не сака да го користи зборот лажење, но додаде дека во три наврати се чинеше дека ќе постигнат договор за прекин на огнот. „Одеднаш ракети паѓаат врз Киев… зошто е тоа така?“, рече Трамп. „Се случи премногу пати и не ми се допаѓа“, додаде американскиот претседател.



ad
Слично

Поврзани вести