Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп си ги мери копчињата со Ким Џонг Ун

Трамп си ги мери копчињата со Ким Џонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп како да сака намерно да предизвика нуклеарна војна со Северна Кореја со тоа што не престанува да го провоцира Ким Џон Ун кој лошо реагира на навреди и понижувања.

Трамп повторно се активираше на Твитер каде сакаше да си ги „измери“ копчињата за активирање на нуклеарно оружје, тврдејќи дека неговиот прекинувач е поголем и поопасен.

„Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, само што изјави дека „Нуклеарното копче е цело време на неговото биро“. Некој треба да го извести од неговиот осиромашен и изгладнет режим дека и јас имам Нуклеарен прекинува, само што мојот е многу поголем и помоќен од неговиот и мојот функционира!“ напиша Трамп на Твитер.

Со ваквото детско и провокативно однесување Доналд Трамп ги нарушува сите можни дипломатски напори за мировни разговори со Северна Кореја и практично го чека денот кога ќе испрати нуклеарки за да ја уништи оваа земја. 

Претходно Ким Џонг Ун во новогодишното обраќање истакна дека ќе испрати делегација во Јужна Кореја за време на Олимписките игри како знак на мир, но им се закани на САД да не реагираат бидејќи имаат нуклеарна програма која е развивана со децении и е функционална. 

Слично

Поврзани вести