Трамп се заканува со пекол ако продолжи колежот на христијаните во Нигерија
Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со пекол ако продолжи колежот на христијаните во Нигерија.
Трамп изјави дека биле извршени „бројни совршени удари“. Американската команда за Африка (AFRICOM), која ги надгледува американските воени операции во Африка, соопшти дека нејзината „првична проценка е дека повеќе терористи на Исламската држава се убиени во нивните кампови“ во Нигерија.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, на „Икс“ наведе дека американскиот претседател „минатиот месец беше јасен: убивањето невини христијани во Нигерија (и на други места) мора да престане“. Тој додаде дека Исламската држава го дознала тоа „вечерва – на Божиќ“.
Министерството за надворешни работи на Нигерија ги потврди нападите во соопштение и посочи дека однапред добило известување, наведувајќи дека „нигериските власти остануваат ангажирани во структурирана безбедносна соработка со меѓународните партнери, вклучително и Соединетите Американски Држави, во решавањето на постојаната закана од терористички и насилен екстремизам“.
На почетокот на ноември, Трамп изјави дека му наложил на Пентагон да се „подготви за можна акција“ во Нигерија, тврдејќи дека нигериската влада не прави доволно во борбата против прогонот на христијаните во таа земја.
Пред неколку месеци Трамп предупредува дека може да има интервенција. Изминатиот период имаше серија напади во Нигерија меѓу луѓе од различни религии.Во октомври се судрија христијани и муслимани во северниот дел на Нигерија, при што најмалку 55 луѓе загинаа.foto prinstkrin youtube
