Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ НА КАНАДА ДЕКА ЌЕ ПЛАТИ ВИСОКА ЦЕНА: Царините за металите ги зголеми на 50 отсто

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ НА КАНАДА ДЕКА ЌЕ ПЛАТИ ВИСОКА ЦЕНА:  Царините за металите ги зголеми на 50 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп ги удвои царините на сите производи од челик и алуминиум што се увезуваат од Канада, зголемувајќи ги на вкупно 50 отсто. Тој одговори на овој начин откако владата на канадската покраина Онтарио воведе царини од 25 отсто на струјата што се продава во САД, што ќе ги погоди сојузните држави Њујорк, Мичиген и Минесота.

„Царините на Трамп се катастрофа за американската економија. Тие го прават животот поскап за американските семејства“, изјави премиерот на Онтарио, Даг Форд.

Трамп кажа дека новите царини ќе стапат на сила утре и уште еднаш ја нарече Канада 51. американска сојузна држава.

„Исто така, Канада мора веднаш да ја отфрли својата антиамериканска царина за фармери од 250 до 390 отсто за различни американски млечни производи, што долго време се смета за срамота. Наскоро ќе прогласам национална енергетска вонредна состојба во загрозената област“, кажа Трамп.

Тој ѝ се закани на Канада дека ќе плати толку висока финансиска цена што за неа ќе се чита во историските книги. Властите во Канада му порачаа и претходно дека Канада никогаш нема да биде 51-та држава на САД. Трамп сака и Гренланд да биде дел од САД. Нив им ветува дека ќе вложи милијарди долари, дека ќе отвори нови работни места и дека ќе ги збогати. 

Слично

Поврзани вести