Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ: Вашингтон нема да ги толерира уште долго изјавите на Зеленски

ТРАМП СЕ ЗАКАНИ:  Вашингтон нема да ги толерира уште долго изјавите на Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Вашингтон „нема да толерира уште долго“ изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „далечниот“ крај на војната со Русија.

На својот профил на социјалните мрежи Truth, Трамп сподели приказна на АП во која Зеленски изјави дека завршувањето на војната со Русија е „многу, многу далеку“ и го нарече „најлошата изјава што Зеленски можел да ја даде“.

Зеленски минатата недела ги посети САД. Во Белата куќа се одржа состанок кој требаше да биде посветен на ставање крај на војната во Украина, но тој брзо прерасна во отворен вербален конфликт меѓу Зеленски и Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не сака украинскиот претседател Володимир Зеленски да поднесе оставка по тензичната средба во Овалната соба во петокот.

Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави денеска дека однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп кон украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот е „покажување на бруталност“ со цел негово понижување.

Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 3 години. 

Слично

Поврзани вести