Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП СЕ СОМНЕВА ВО НАМЕРИТЕ НА ПУТИН ЗА МИР: Mожни се нови санкции

ТРАМП СЕ СОМНЕВА ВО НАМЕРИТЕ  НА ПУТИН ЗА МИР: Mожни се нови санкции

Претседателот на САД, Доналд Трамп се сомнева дека рускиот претседател Владимир Путин навистина сака мир во Украина. 

Тој вели дека Путин само го тапка по рамо. 

„Нема оправдување Путин да испукува ракети врз цивилни области, градови и села во последните денови. Ова ме наведува да мислам дека можеби тој дури и не сака да ја запре војната, само ме „тапка“ по рамо, па затоа треба да биде принуден на поинаков начин – можеби со финансиски или некои други санкции. Премногу луѓе умираат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ по заминувањето од погребот на папата Франциск.

На погребот на папата тој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.

Фото EPA-EFE

Слично

Поврзани вести