Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп се премисли, нема да ја притиска Украина до четврток да прифати договор

Трамп се премисли, нема да ја притиска Украина до четврток да прифати договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека повеќе не инсистира на претходно споменатиот рок Украина да го прифати мировниот предлог до четврток, наведувајќи дека „неговиот рок е денот кога сè ќе заврши“.

Трамп изјави дека Русија во моментов има предност на терен и дека, како што рече, би било во интерес на Украина да постигне договор, предупредувајќи дека Москва би можела да преземе дел од украинската територија во наредните месеци.

Тој нагласи дека американските преговарачи бележат напредок во разговорите со Русија и Украина, тврдејќи дека Москва прифатила „одредени отстапки“, но не откривајќи што точно било договорено.

САД предложи план од 28 точки, но потоа беше сведен на 19 точки според украинската страна. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека во моментов се вложуваат сериозни напори за постигнување мирно решавање на ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека нема ништо поважно од тоа.

Војната почна пред скоро 4 години. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести