Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП СЕ ПЛАШИ ОД ИРАН: Бара воени авиони и антиракетна заштита на митинзите

ТРАМП СЕ ПЛАШИ ОД ИРАН: Бара воени авиони и антиракетна заштита на митинзите

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп се плаши дека Иран му срема напад. 

Предизборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп испратил неколку писма до Тајната служба во кои се наведуваат предлози за негова воена заштита кои се без преседан во историјата на САД, објави „Вашингтон пост“.

Штабот предложил дополнителна заштита на личниот авион на Трамп со придружба на воени ловци. Потоа, се бара забрана за летови над резиденциите на Трамп и над местата кадешто се одржуваат митинзите, како и тоа да се обезбеди непробојно стакло за заштита на подиумот на митинзите во седум клучни држави. Се бара им се дадат на служба оклопни возила за транспорт на кандидатот.

Разузнувачите го предупредиле дека Иран сака да го убие со ракети или дронови. 

Од Белата куќа синоќа изјавија дека претседателот Џо Бајден наредил заштитата на Трамп да биде на највисоко можно ниво.

Инаку, двпати имаше обид за атентат на Трамп изминатиов период. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести