Трамп се откажува од копнена офанзива? „Тоа би било губење време, тие изгубија сè што можеа да изгубат“
Испраќањето американски копнени сили во Иран би било „губење време“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за американската телевизија NBC, нарекувајќи ја опцијата излишна.
„Тоа е губење време. Тие изгубија сè. Тие ја изгубија својата морнарица. Тие изгубија сè што можеа да изгубат“, изјави тој за американската мрежа.
Запрашан да коментира за изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, дека копнената операција на САД би била „катастрофа“, Трамп ја отфрли како „погрешно напишана изјава“.
Аракчи за NBC изјави дека иранските власти се „подготвени за секоја евентуалност, дури и за слетување“. „Ги очекуваме (непријателите). Уверени сме дека можеме да им се спротивставиме и дека тоа би било катастрофа за нив“, додаде тој.
Воедно истакна дека и воздушната одбрана и ракетните капацитети на Иран се целосно или во голема мера уништени, јави ДПА.
„Веќе го нема нивното противвоздушно оружје. Значи, тие немаат воздухопловни сили. Тие немаат воздушна одбрана. Сите нивни авиони се исчезнати“, рече Трамп.
Според него уништени 60 отсто од иранските ракети и 64 отсто од нивните лансери, додаде германската агенција.
„Штом ќе лансираат ракета, во рок од четири минути, лансерот е погоден“, рече тој.
Адмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на САД (CENTCOM) кој ги надгледува воените операции на Блискиот Исток, на паралелна прес-конференција изјави дека Иран сега испукува значително помалку ракети.
„Ако само се осврнам на последните 24 часа од операцијата, во споредба со тоа каде бевме на почетокот, нападите со балистички ракети се намалија за 90 отсто од првиот ден“, рече Купер.
Трамп, во интервју за Ројтерс, ги охрабри иранските курдски сили во Ирак да започнат напади врз Иран.
Политички ризик
Во врска со можноста иранските курдски сили да влезат во Иран од соседен Ирак, Трамп во четврток за Ројтерс изјави: „Мислам дека е прекрасно што сакаат да го сторат тоа, јас би бил за тоа.“
Иранските курдски милиции се консултирале со Соединетите Американски Држави за тоа дали и како да ги нападнат иранските безбедносни сили во земјата, според три извори запознаени со ова прашање.
Нападот на Иран е политички ризик за републиканскиот претседател, при што анкетите покажуваат ниска јавна поддршка, а Американците се загрижени за зголемувањето на цените на бензинот предизвикани од прекините во енергетскиот сектор.
