ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го номинираше генералот Кит Келог за специјален пратеник на САД за Украина.
„Кит имаше истакната кариера во војската и бизнисот и служеше во многу чувствителни улоги за национална безбедност во мојата прва администрација. Тој беше со мене од самиот почеток! Заедно ќе обезбедиме мир преку сила и ќе ги направиме Америка и светот безбедни повторно, објави Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social.
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) November 27, 2024
Кој е планот на Келог?
Ројтерс претходно објави дека неговиот план за ставање крај на војната, претставен на Трамп во јули, предложи Украина да добие дополнително американско оружје само доколку се согласи на мировни преговори со Русија.
САД, исто така, ќе ја предупредат Русија дека ако одбие да преговара, Вашингтон ќе ја зголеми својата поддршка за Киев. Со ова, според Ројтерс, Трамп би се обидел да ги натера Украина и Русија на мировни преговори. Планот, исто така, предлага замрзнување на линиите на фронтот на нивните сегашни позиции, идеја што, барем засега, двете страни ја отфрлија.
Членството на Украина во НАТО ќе биде надвор од преговорите, барем во блиска иднина. Малку е веројатно дека тој план ќе му се допадне на Киев, имајќи предвид дека во пракса ќе и даде на Русија неспорна контрола над делови од источна Украина, барем за значителен временски период.
Покрај тоа, некои републиканци, особено во Претставничкиот дом, веројатно не би биле воодушевени да гласаат за поголема помош за Украина.
Кој е генерал Келог
Кит Келог е пензиониран генерал-полковник и ветеран од Виетнамската војна.Долго време работел во Пентагон на различни позиции, а бил во зградата кога се случи терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.
Потоа ја презеде командата na подземниот комплекс Равен Рок, кој служи како засолниште за американското раководство во случај на итност.
фото: EPA-EFE/SARAH SILBIGER