Трамп се фалел дека знае недозволени детали за сексуалниот живот на Макрон
Eкс американскиот претседател Доналд Трамп се фалел дека има информации за сексуалниот живот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Toj со години се фалел пред своите блиски соработници дека знае недозволени детали за сексуалниот живот на Макрон, добиени од брифинзите на „разузнавачките служби“, објави магазинот „Ролинг стоун“ доцна во понеделникот, цитирајќи „две лица кои знаат за ова прашање“. Не е познато дали предметниот документ содржел детали за личниот живот на Макрон.
Француските и американските официјални лица се обидуваат да откријат што имал Трамп со Макрон и владата на Франција и да проценат дали има значително нарушување на националната безбедност, објави „Ролинг стоун“, цитирајќи „два други извори запознаени со ситуацијата“.
„Ние нема да коментираме за судските постапки во странска земја – во овој случај во Соединетите Држави“, рече претставник на Елисејската палата.
Трамп и претходно кажувал дека знае инкриминирачки информации за луѓето околу него.
