Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Саудиска Арабија, ти благодарам!

Трамп: Саудиска Арабија, ти благодарам!

И покрај контроверзите со бруталното убиство на новинарот Џемал Кашоги, претседателот на САД, Доналд Трамп, и се заблагодари на Саудиска Арабија за намалувањето на цената на нафтата.

Тој веќе најави дека САД нема да се свртат против Ријад, и покрај одговорноста за убивање на новинарот Џемал Кашоги, бидејќи „приоритет се економските и безбедносните интреси пред какви било грижи за човековите права“. Вртење грб на традиционалниот сојузник на Блискиот Исток би било огромна грешка.

Трамп ги пофали Саудиjците за испраќање доволно сурова нафта на светските пазари за да се одржи контролата врз цените.

„Цените на нафтата се намалуваат. Благодарам Саудиска Арабија, и ајде да ги направиме уште пониски“, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.



Слично

Поврзани вести